среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Инспектор фатен во несовесно работење во службата, еве како го оштетил Буџетот

Инспектор фатен во несовесно работење во службата, еве како го оштетил Буџетот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против А.Р., самостоен инспектор Регионалниот центар за гранични работи Југ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, од 23.02 до 07.08.2020, како самостоен советник за финансиски работи во истата организациска единица, фактурите кои ги примил од една фирма не ги приложил веднаш за евиденција и уредна заверка со приемен штембил, туку ги задржувал кај себе и ги доставил по истекот на предвидениот рок за плаќање.

Поради несовесното и ненавременото извршување на работните обврски на пријавениот, фирмата изготвила каматна листа за задоцнето плаќање, со што бил оштетен Буџетот на Министерството за внатрешни работи.