понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Славески: Од средбата со Мицкоски и Пендаровски ќе има реални, видливи ефекти во намалување на поларизацијата во македонското општество

Славески: Од средбата со Мицкоски и Пендаровски ќе има реални, видливи ефекти во намалување на поларизацијата во македонското општество

– Јас не би рекол дека биле лути противници, најверојатно немаше соработка во изминативе девет месеци, од причини нели кои што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги кажа тој период од пред девет месеци. Видете, мислам дека не е единствен мотив за такво инстантното прифаќање на барањето за средба на претседателот Пендаровски, дискусија нели околу осудените за настаните од 27-ми април 2017-тата година. Ние имаме парламентарен систем во Република Македонија тоа е познато, и претседателот има релативно ограничени ингеренции, неговите ингеренции се во надворешната политика, одбраната и безбедноста итн. Република Македонија е длабоко поларизирана држава, поларизирано општество, по некогаш и по етнички линии, но ова нетрпение меѓу самата мнозинска етничка заедница да речам меѓу Македонците која што со години ескалира можеби е нешто што го загрижува господинот Пендаровски. А, тоа е безбедносно прашање. А, безбедносните прашања се нели по дефиниција во надлежност на претседателот, истакна Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

Славески додаде дека токму на состанокот помеѓу Мицкоски и Пендаровски ќе се дискутира околу сите можни начини за намалување на тензиите и намалување на поларизацијата во општеството која што многу не чини сите нас.

– Инаку ставот за ова прашање во врска со судените за настаните од 27-ми април 2017-тата година на партијата е познат, мислам ние не наоѓаме причини тие да бидат судени како терористи и терористичко загрозување на уставниот поредок за тоа што меѓународните дефиниции за тероризмот и ова другата квалификација се многу различни од она што беше дефинирано од страна на нашите судски надлежни институции, рече Славески.

Славески посочи дека ако сите се сконцентрираме на ова што е се случи денеска во Вилата на Водно, резиденцијата на претседателот Пендаровски станува збор за еден охрабрувачки потег од кој што ќе има реални, видливи ефекти во намалување на поларизацијата во македонското општество.

Најнови вести