сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Ќе има ли поскапување на струјата во јуни или јули?

Ќе има ли поскапување на струјата во јуни или јули?

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски за МИА вели дека во јуни или јули годинава нема да дозволат зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар.

-РКЕ вообичаено во јуни или во јули ги носи своите одлуки за цени на електрична енергија, но ќе ги преземе сите механизми кои и се на располагање, можеби ќе излезе и од своите законски надлежности пропишани во Законот за енергетика и нема да дозволи зголемување на цената на електрична енергија, вели Бислимоски во интервју за МИА.

Во нашите одлуки за цени, нагласува, влијаеме на крајната цена со 38 проценти, односно само на цената за пренос и за дистрибуција на електрична енергија, а на 52 проценти не можеме да влијаеме.