четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос ќе го пропушти остатокот од сезоната? Еве што велат шпанските медиуми

Рамос ќе го пропушти остатокот од сезоната? Еве што велат шпанските медиуми

Дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да ги пропушти преостанатите натпревари од шпанското првенство, пренесува „As“.

Според шпанскиот весник, Рамос може да не влезе на теренот на последните натпревари на Реал Мадрид во Ла Лига, за да не ја влоши повредата. Повредата може да влијае на неговиот ефект на Европското првенство во фудбал.

На 8 мај, официјалната веб-страница на Реал Мадрид објави дека 35-годишниот дефанзивец се здобил со повреда на мускул на левата нога.

Оваа сезона, Рамос одигра 15 натпревари во шпанското првенство и постигна два гола. (МИА)