понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: За неспособноста, нестручноста и арогантноста на Владата и Шекеринска не е никој друг виновен освен тие самите

Стојаноски: За неспособноста, нестручноста и арогантноста на Владата и Шекеринска не е никој друг виновен освен тие самите

На лицемерието и лагите во СДСМ им нема крај.  Ја повикуваме министерката Шекеринска да не се крие позади колегите пратеници од власта и конечно да признае и да прифати дека Предлог законот за служба во Армијата на Република Македонија не е добро законско решение бидејќи потенцирам, не е во интерес на војниците и персоналот на Армијата на Република Македонија, обвинува Бојан Стојаноски, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

-Како што напоменавме вчера, нашите барања и забелешки се суштински, јасни и прецизни. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата преку амандмани бара подобрување на условите за пензионирање и давање на можност на активниот воен и цивилен персонал во Армијата да му престане работниот однос по сила на закон со остварување на право на пензија со навршување на 40 години стаж или со навршување на 55 години возраст. Со предлогот на Шекеринска ова не е предвидено и оттука по автоматизам се губи смислата и потребата од бенефициран стаж. Другата суштинска забелешка е да се изврши корекција во висината на пензијата и на воениот и на цивилниот персонал на кој од денот на формирање на Армијата до денот на влегување во сила на овој закон им престанал работниот однос согласно законите за служба во Армијата кои важеке во времето на остварување на правото на пензија, истакна тој.

Стојаноски потенцира дека доколку навистина СДСМ, Шекеринска и пратениците од владејачкото мнозинство се искрени во тоа што го говорат имаат шанса да го покажат тоа на дело веднаш и за тоа имаат две опции.

-Првата опција е да го прифатат нашиот Предлог закон кој впрочем е ист со предлогот од Владата надополнет со нашите суштински забелешки и втората опција, да ги прифатат нашите суштински амандмани и уште денес, да се закаже седница и сите заедно да го донесеме ова законско решение. На крајот, им порачуваме на СДСМ и колегите од мнозинството дека за неспособноста, нестручноста и арогантноста на Владата и министерката Шекеринска не е никој друг виновен освен тие самите, а најмалку пак пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Се додека тоа тие не го разберат, ќе тонат во сопствената кал и безидејност, а последиците ќе ги трпат сите граѓани на Република Македонија, истакна тој.

Најнови вести