вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скадалозно е што Шилегов не присуствуваше на скопскиот маратон

Скадалозно е што Шилегов не присуствуваше на скопскиот маратон

Прекината е долгодишната пракса првиот човек на градот Скопје да присуствува и да ги додели наградите на Скопскиот маратон. Петре Шилегов вчера не се појави на маратон каде учествуваа огромен број на натпреварувачи.

Таквиот гест на незаинтересираност на Шилегов предизвикало чудење кај голем број на вклучените во Скопскиот маратон.

Немало никаква оправдана причина за неприсуството на градоначалникот, а наградите ги додели претседателката на Советот на градот Скопје Љубица Јанчева.

Првата маратонска трка од меѓународен карактер насловена „Скопски Маратон” во Скопје е одржана во 1997 година по иницијатива на познатиот спортки работник Професор – тренер, Душан Ангеловски. Маратонот беше обновен во 2007 година, а организацијата беше доверена на Сојузот на спортови на Скопје. На сите досегашни трки се појавувале градските татковци.

За тоа каде се изгуби Шилегов нема информација ниту од градот Скопје. Бидејќи за само 4 месеци Шилегов имал дури 8 патувања во странство една од можните причини е негово ново патување во странство.

Втора причина која се споменува од оние кои го познаваат е едноставна. Петре Шилегов претходната вечер се забавувал во една од скопските кафеани, и не нашаол за сходно следниот ден да ги испочитува илјадниците учесници на маратонот.

Инаку освен на „Скопскиот маратон“, Петре Шилегов никаде го немаше и за време на силното невреме кое вчера се случи во Скопје бидејќи Шилегов вчера имал слободен ден.

Поплави во Скопје, Шилегов спие

Краткотрајните обилни врнежи во Скопје предизвикаа поплави во повеќе населени места во нашиот град. Дел од коментарите се дека градот Скопје спие, иако овие обилни дождови се најавувани веќе три дена.

До редакцијата на Курир пристигнаа фотографии од подвозникот близу Министерството за внатрешни работи, каде може да се види дека тој е под вода и моментално не може да се користи за сообраќај.

По обилните врнежи од дожд попладнево, кои веќе три дена се најавени од УХМР, ситуацијата во скопската населба Ченто, општина Гази Баба е алармантна.

Улиците се целосно поплавени, водата навлегува во дворовите на жителите кои стравуваат за своите домови. Велат им останува само да се надеваат дека нема да се повторат поплавите од август 2016 година.

Во пораките кои жителите до нашата редакција ги испраќаат има фотографии и видеа од состојбата во нивната населба, и тие наведуваат дека локалните власти и по сите најави за невремето и поројните врнежи, останале глуви и не преземале ништо.

Велат никој од надлежните и општинските власти не е излезен на терен за ја види состојбата и да преземе било какви мерки.

Граѓаните бараат и од градот Скопје и од општинските власти да преземат нешто за ситуацијата да се доведе во нормала, бидејќи токму тоа било ветувано од актуелната локална власт.

 

Најнови вести