Легендарниот шпански фудбалер Чави Хернандез ќе ја продолжи тренерската кариера во екипата на Ал-Сад.
Чави се откажа од можноста наскоро да се врати во шпанската Барселона. Наместо тоа, потпиша нов двегодишен договор со катарскиот гигант.
Првиот тренерски предизвик за 41-годишникот започна во 2019 година. Досега има освоено четири титули со екипата на Ал-Сад.