понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп и Ким најверојатно ќе се сретнат во Сингапур

Трамп и Ким најверојатно ќе се сретнат во Сингапур

Претседателот на САД, Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун најверојатно ќе се сретнат во Сингапур во средината на јуни, објавија јужнокорејски медиуми.

Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап и весникот „Чосун“, Трамп и Ким за средба го избраа Сингапур.

Средбата Трамп – Ким е пролонгирана за третата недела од јуни поради Самитот на Г-7, што ќе се одржи во Канада на 8 и 9 јуни.

Претходно, Трамп изјави дека состанокот со Ким треба да се одржи во демилитиризираната зона меѓу Северна и Јужна Кореја. Американскиот претседател во петокот изјави дека е договорено местото и времето на средбата со севернокорејскиот лидер, додавајќи оти набрзо ќе бидат објавени детали.

„Саут Чајна морнинг пост“ повикувајќи се на аналитичарите наведува дека Монголија би можела да биде една од државите каде ќе се сретнат Трамп и Ким. Севернокорејскиот лидер би допатувал со блиндиран воз.

Трамп претходно изјави и дека постои можност да биде откажана средбата со Ким, ако има навестување дека состанокот „не би вродил со плод“.

МИА