четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Се трага по 3 лица: Двајца скопјани и еден велешанец

Се трага по 3 лица: Двајца скопјани и еден велешанец

Во текот на вчерашниот ден изчезнале три лица. Полицијата трага по 66- годишен велешанец, 40- годишен скопјанец и 24- годишен скопјанец.

-На 16.05.2021 во 23:55 часот во СВР Велес, В.Т. од Велес пријавил дека од дома се оддалечил неговиот вујко М.А.(66). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 16.05.2021 во 14:30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Д.(62) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечил неговиот син С.В.(40), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 16.05.2021 во СВР Скопје, М.Д.(47) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечил неговиот син Р.М.(24). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, стои во полицискиот билтен.