понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гуџуфи потпиша со Бешикташ

Гуџуфи потпиша со Бешикташ

Македонскиот младински фудбалски репрезентативец Бесар Гуџуфи од денеска е нов член на Бешикташ, потврди официјално новиот турскиот шампион.

Како што е соопштено, 16-годишниот Гуџуфи со турскиот фудбалски гигант потпишал договор на пет години. Гуџуфи, кој потекнува од младинската школа на Вардар, се сели во Турција од редовите на Беласица каде мина во есенската полусезона и постигна два гола, додавајќи и три асистенции, на 12 натпревари за струмичката екипа.

За Гуџуфи сериозен интерес покажуваа и турскиот прволигаш Трабзонспор, како и хрватскиот шампион Динамо Загреб.