недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Александар Ставрев ќе го суди финалето од фудбалскиот Куп на Македонија

Александар Ставрев ќе го суди финалето од фудбалскиот Куп на Македонија

Македонскиот најдобар судија, Александар Ставрев, ќе биде главен судија на финалето во Купот на Македонија. Финалето на националниот куп е на програмата е во среда на Националната Арена во Скопје.

Познато е дека во битката за пехарот се среќаваат екипите на Академија Пандев и Силекс, а мечот стартува во 19:00 часот.

На Ставрев ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, додека четврти ќе биде Марјан Маркоски, кој со овој меч веројатно се простува од својата долгогодишна успешна судиска кариера.