понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зошто Твитер стана токсична околина?

Зошто Твитер стана токсична околина?

Милиони антисемтистички пораки се раширија на Твитер, односно негативни стереотипи и теории на заговор за Евреите, се наведува во денешниот извештај на американската Антидефамациона лига (АДЛ).

Директорот на организацијата, Џонатан Гринблат рече дека податоците покажуваат оти многу луѓе го користат Твитер како мегафон за малтретирање и застрашување на Евреите.

Во поранешните извештаи АДЛ наведуваше дека во минатата година бројот на антисемитистички инциденти во Соединетите Американски Држави бил најголем во повеќе од две децении.

Денес е проценето дека околу три милиони корисници на Твитер напишале или споделиле најмалку 4,3 милиони антисемистистички твитови на англиски јазик во период од една година, заклучно со 28 јануари.

-Секако 4,2 милиони твитови се многу мал дел од цеокупниот број на пораки кои годишно се праќаат преку Твитер. Но, тоа не го поништува преживеаното искуство на Евреите за кои Твитер стана токсична околина, се наведува во извештајот. Твитер тврди дека во последните 16 месеци направени се преку 30 измени на платформата, кориснички услови и операции за да се заштитат корисниците од злоставување.

Дефиниција за антисемтистичка содржина користена во извештајот опфаќа и критики за Израел или ционизмот, кога тие критики користат класичен антисемитистички говор или теорија на заговод, или кога препишуваат злобни мотиви на Евреите.