среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Аеродром: Малолетници фрлале тврди предмети кон нејзиниот стан, а на синот и внукот им упатувале закани

Драма во Аеродром: Малолетници фрлале тврди предмети кон нејзиниот стан, а на синот и внукот им упатувале закани

Во СВР Скопје, вчера во 16.15 часот З.В.(73) од Скопје пријавила дека околу 16.10 часот тројца малолетници фрлиле тврди предмети кон нејзиниот стан на подрачјето на Аеродром, а нејзиниот син Д.В.(23) од Скопје пријавил дека во 15.55 часот му се јавил еден од малолетниците и упатил закани кон него и неговото дете поради претходно меѓусебно недоразбирање.

Исто така, според пријавеното, на 17.05.2021 околу 22.20 часот со тврд предмет бил скршен прозорец од нејзиниот стан.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.