Францускиот ракометен гигант ПСЖ славеше над германски Кил на домашен терен од 34-28и патува на завршниот Ф4-турнир во Келн во Лигата на шампионите.
„Светците“ на Раул имаа негатива од два гола од првата средба во Германија, ама на домашен терен ја надополнија со фуриозен втор дел.
Најдобар кај ПСЖ беше Пранди со девет гола, пред Ремили со седум, додека Наи даде шест. Кај Кил, Сагосен беше стрелец на седум гола, пред Рајнкинд со четири и Дувњак со три гола.