четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бруно Фернандеш ќе добие нов договор од Манчестер Јунајтед

Бруно Фернандеш ќе добие нов договор од Манчестер Јунајтед

Најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед,  Португалеот Бруно Фернандеш ќе потпише нов договор со оваа екипа.

Според „Дејли Мејл“, португалскиот репрезентативец наводно ќе добие 200.000 фунти неделно според новиот договор. Играчот од средниот ред оваа сезона запиша 28 гола и 17 асистенции.

„Црвените ѓаволи“ ќе играат и финале во Лига Европа. На 26 мај ќе се сретнат со Виљареал во борбата за трофејот во клупското натпреварување. Да подсетиме Спортинг за Фернандеш инкасира 55 милиони евра.