Серхио Рамос нема да настапи на ЕВРО 2020, дефанзивецот не се најде на списокот кој денеска го објави Луис Енрике.
„По неколку тешки месеци и сезона каква што немам искусено во мојата кариера, доаѓа ЕВРО 2020“ – гласеше пораката на фудбалерот на Реал Мадрид на социјалните мрежи.
„Се борев и напорно работев секој ден за да бидам 100% фит за Реал Мадрид и националниот тим, но работите не секогаш се одиваат онака како што сакате“.
„Ме боли што не можев да му помогнам на мојот тим и што нема да можам да и помогнам на Шпанија, но најдобро во овој момент е да одмарам, целосно да се опоравам и да се вратам посилен следната сезона. Ме боли тоа што нема да можам да ги бранам боите на мојата земја, но морам да бидам реален и искрен“.
„Им посакувам на соиграчите од репрезентацијата се најдобро и се надевам дека ќе имаме добар настап на Европското првенство. Ќе бидам само уште еден навивач кој ќе ве бодри од дома“.