вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Драган Канатларовски ќе биде дел од стручниот штаб на Благоја Милевски

Драган Канатларовски ќе биде дел од стручниот штаб на Благоја Милевски

Македонската фудбалска легенда Драган Канатларовски ќе биде соработник во репрезентацијата до 21 година и ќе биде дел од стручниот штаб на селекторот Благоја Милевски.

Популарниот Цапар беше дел од младинските селекции во изминатиот период, а сега ќе биде меѓу младинците кои се подготвуваат за новите квалификации и ќе патуваат на подготовки во Терме Чатеж, Словенија, каде ќе се сретнат и ќе одиграат тест меч со домаќинот.