вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски оствари средба со министерот за Европа на СР Германија, Михаил Рот  

Мицкоски оствари средба со министерот за Европа на СР Германија, Михаил Рот  

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со министерот за Европа на СР Германија, Михаил Рот. На средбата присуствуваа и потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајлоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски.

На средбата претседателот Мицкоски го запозна господинот Рот со политичката ситуација во земјата, но и недемократскиот однос на власта.

Претседателот Мицкоски се заблагодари за поддршката која ја добиваме од СР Германија во евроинтеграциските процеси, при што нагласи дека ваквата соработка треба да се развива уште повеќе во иднина.

Во однос на претстојниот самит на ЕУ, Мицкоски кажа дека Македонија заслужува да добие датум за отпочнување на преговори.

 

 

Најнови вести