среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По КОВИД, светот го зафати епидемија со опијати, Заев ќе трие раце?

По КОВИД, светот го зафати епидемија со опијати, Заев ќе трие раце?

По КОВИД сега светот го зафаќа епидемијата со опијати. Дали и нашата земја ќе биде зафатена од оваа епидемија? Дали премиерот Зоран Заев ќе трие раце од оваа епидемија и неговите блиски соработници кои имаат фабрики за марихуана?

Имено, според последните истражувања повеќе од 90.000 Американци починаа од предозирање и бројката од октомври 2020-та година се зголеми за 30% на корисници кои користат опијати. За оваа проблематика на социјалните мрежи напиша и претседателот на комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.

„Во САД после епидемијата на КОВИД-19 која постепено отстапува, нејзиното место го завзема епидемијата со опијати. Дали истото ни следи и нас, имајќи ја во предвид детерминираноста на Зоран Заев“, напиша Игор Николов на социјалните мрежи на 25.05.2021.

За поврзаноста на опијати со премиерот Зоран Заев пишуваат и регионалните медиуми.

„Актуелниот премиер Зоран Заев со доаѓање на власт проектот со опијати го надогради и прошири. Македонија дозволува продажба и извоз на масло од канабис, но не и извоз на цвет. Осушениот цвет на марихуана се продава на црн пазар како дрога“, пишува nspm.rs, а текстот е насловен „Пипците на Колувија во Северна Македонија“.

„64 компании произведуваат цвет на марихуана, а и неколку произведуваат масло, легален пазар во Македонија е презаситен, бидејќи со целокупното производство не може да се преработи во масло, бидејќи има огромни количини на залихи. Во текот на изминатите пет месеци, македонската полиција во неколку наврати има запленето марихуана која е легално произведена, но криминалците се обидувале да ја изнесат нелегално од земјата“, се пишува во истиот текст. Еден од соработниците на Предраг Колувије е и актуелниот премиер Зоран Заев, односно неговите блиски роднини Трајче и Бобан Заев. Тие имаат удел во сопствеништвото на компанија за производство на медицински канабис „МАМ“ од Свети Николе и „Фарма Медика канабис“ од Валандово“, пишуваат во текстот.

Најнови вести