петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: На средбата со Рот, ВМРО-ДПМНЕ ја пренесе пораката дека патот на Република Македонија е кон полноправно членство во ЕУ

Муцунски: На средбата со Рот, ВМРО-ДПМНЕ ја пренесе пораката дека патот на Република Македонија е кон полноправно членство во ЕУ

Пратеникот Тимчо Муцунски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „10 Минути“ зборуваше и за средбата со германскиот министер Михаил Рот, каде истакна дека заедничка цел е полноправно членство на Македонија во ЕУ.

„Сојузна Република Германија е стратешки поддржувач на тоа што е наша клучна надворешна политичка цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Сојузна Република Германија веќе подолг период исто така поддржува пристапување и отворање на првата меѓувладина конференција врз основа на критериуми кои што се објективни и мерливи. И во таа насока имавме средба на која што се афирмираше од што побрзо случување на првата меѓувладина конференција, тоа и ние го афирмиравме и од Германија имаме постојана поддршка во таа насока“, истакна Муцунски.

Муцунски додаде дека на средбата се разговараше и за билатералните односи кои што секако треба да се надградуваат.

„Ние ја пренесовме нашата порака дека патот на Република Македонија е кон полноправно членство во ЕУ, стратешка цел од која што нема отстапување“, нагласи Муцунски.

Најнови вести