вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шеф во Кривичниот суд советник на премиерот Заев

Шеф во Кривичниот суд советник на премиерот Заев

Шефот на одделот за човечки ресурси во Кривичниот суд е советник на премиерот Зоран Заев. Горан Стаменковски е дел од 56 советници, задолжен да го подучува претседателот на владата за социјални прашања. Стаменковски е на висока позиција во скопска единица или раководител на администрацијата во судот, открива Алсат-М.

Тој во владата е ангажиран како надворешен соработник, но според неа, нема судир на интереси.

– Горан Стаменковски работи во администрација, раководител на служба за човечки ресурси. Оттаму нема никакво влијание над процесите од правосуден аспект, велат од Владата за Алсат-М.

Кривичниот суд, од друга страна, не е запознаен со случајот, па оттаму велат дека ќе побараат официјална потврда на информацијата и оти ќе направат дополнителна анализа дали постои судир на интереси.

Изборот, но и бројот на советници на Заев предизвика лавина од негативни коментари, како од граѓаните, така и од експертите, но и поранешни фунцкионери на СДСМ.

Последен од низата спорни советници кои Заев ги одбра е Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа кој се наоѓа на црната листа на САД и беше дел од УЧК, сега биде советник за безбедност.

Министерот за информатичко општество и администрација велеше дека некои од советниците се ангажирани без никаков финансиски надоместок.

Горан Стаменковски беше во фокусот на јавноста поради судирот со поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Стаменковски го тужеше Панчевски за мобинг. Пресудата беше во корист на Стаменковски.

Инаку, Стаменковски во минатото го нападна Панчевски и му се закануваше.

Во почетокот на годината, Стаменковски упаднал во судницата на Панчевски по што морала да интервенира и полицијата.  Бил известен и дежурен обвинител, од каде било добиено известување дека нападнатиот судија може да го гони напаѓачот по приватна тужба, иако нападот е во судница во службени простории на судија.

-Додека бев во судница, влезе Горан Стаменковски, вработен како раководител во Кривичниот суд, и почна да ми се заканува. Извикуваше дека ќе сум видел што ќе ме снашло, а почна да изговара и вулгарности, споменувајќи ја во тој контекст мојата сопруга, изјавил Панчевски за Фокус.

Во минатата година, Стаменковски беше пријавен и за физички напад врз вработено во судот, исто така во канцеларија на судија.

Најнови вести