петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

OJO Скопје поднесе предлог казни против 8 лица поради непочитување на полициски час

OJO Скопје поднесе предлог казни против 8 лица поради непочитување на полициски час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Спротивно на одлуката со која се забранува движење на населението во одредени делови на денот како мерка за превенција на ширењето на коронавирусот, тие без дозвола се движеле на различни локации во градот.

Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети предложи парични казни од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.​​