Македонската ракометна репрезентативка Сара Ристовска и нејзиниот тим ЦСКА Москва не успеа да се пласираат во финалето на фајнл-фор турнирот на женската ракометна Лига на шампиони.
Рускиот тим скапо е поразен од Випер Кристијансанд и на крајот загуби со 33:30 и ќе може да се бори само за третото место сезонава.
Норвешки Кристијансанд го доби првиот дел со убедливи 18:12, па во второто полувреме не ја испушти оваа голема позитива, обезбедувајќи си место во утрешното финале во Будимпешта.
Ристовска постигнала 1 гол за ЦСКА од еден упатен удар, а во нејзиниот тим најефикасна била Ведекина с 7 голови. Во победничката екипа, Рајштад со 10 голови е најзаслужна за победата 33:30 на Кристијансанд.
.