петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ЦСКА (М) не дозволи Макаби да ја доживее истата судбина како и рускиот тим

ЦСКА (М) не дозволи Макаби да ја доживее истата судбина како и рускиот тим

Екипата на Макаби ТА и официјално своите натпревари од Евролига ќе ги игра во Белград, во салата „Пионир“, вака беше одлучено на состанокот на евролигаши, иако многумина се спротивставија и бараа израелскиот тим да биде исфрлен од натпреварувањето поради војната со Палестина.

Поради војната во Украина, руските тимови беа суспендирани и исфрлени од елитното натпреварување, па се шпекулираше дека истата судбина ги чека и Макаби. Сепак, тоа не се случи.

Според локалниот портал „Вала“, четири екипи гласале против негово исфрлување, што на крајот пресудно во споменатата средба.

Шпанските и турските клубови сакаа да го суспендираат Макаби. Панатинаикос, Олимпијакос, Армани и ЦСКА од Москва го поддржаа клубот и затоа не се одржа официјално гласање, се наведува во текстот. На крајот се покажа дека „армејците“ кои беа исфрлени се меѓу оние кои му помогнаа на Макаби да остане во лигата.