вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Њујорк Тајмс“: Трамп му најавил на Макрон повлекување од иранскиот нуклеарен договор

„Њујорк Тајмс“: Трамп му најавил на Макрон повлекување од иранскиот нуклеарен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон му соопштил дека „ќе ги повлече САД“ од Договорот за иранската нуклеарна програма, објави електронското издание на „Њујорк Тајмс“.

Тврдењето на весникот е објавено неколку часа пред најавеното обраќање на Трамп во кое тој треба да ја соопшти својата одлука околу еветуелното повлекување на САД од иранскиот нуклеарен договор.

Во врска со телефонскиот разговор, Елисејската палата соопшти дека Макрон и Трамп разговарале за „прашања поврзани со мирот и стабилноста на Блискиот Исток“.

МИА