Ракометарките на Ѓер вчера на несреќен начин загубија во полуфиналето од Брест, но затоа ова попладне сиот свој бес го истурија врз ЦСКА Москва која и тоа како настрада во малото финале.
Во малото финале немаше простор за никаква неизвеснот, бидејќи Ѓер уште во првото полувреме јасно стави до знаење дека разликата во квалитет е голема, но истовремено до израз дојде и недостигот на мотивација кај рускиот тим.
По почетните 18:8 во првиот дел, Ѓер само ја осигура победата во вторите 30 минути и на крајот победи со 32:21, триумф кој на Унгарките им го донесе третото место на завршниот турнир.
Македонската репрезентативка Сара Ристовска беше дел од протоколот и беше една од најдобрите во редовита на поразениот тим, бидејќи мечот го заврши со три реализации од четири обиди. Најдобра ракометарка во малото финале беше Офтедал која постигна седум погодоци.