Македонскиот фудбалски прволигаш Ренова ја продолжи денеска соработката со Ќатип Османи, кој останува на клупата и во следната сезона.
Османи по четиригодишна пауза во ноември лани се врати на клупата на Ренова и преку бараж му обезбеди на клубот од Џепчиште опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
Претходно во кариерата, Османи освои две шампионски титули со Шкендија, а беше тренер и на Шкупи.