недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Англискиот селектор Саудгејт ги објави фудбалерите со кои ќе настапи на ЕУРО 2020

Англискиот селектор Саудгејт ги објави фудбалерите со кои ќе настапи на ЕУРО 2020

Англискиот селектор Герет Саутегејт го дефинираше списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за  настап на Европското првенство во фудбал.

Повлекувањето на Гринвуд поради повреда значеше дека селекторот мораше да прецрта шест фудбалери, а најде простор за Трент Александер-Арнолд, за кого се шпекулираше дека ќе извиси за Европското првенство.

Саутгејт ги повика Хари Мегваер и Џордан Хендерсон кои се уште не се рехабилитирани од повредите, а последни отпаднаа Џеси Лингард, Оли Воткинс, Арон Рамздејл, Бен Вајт, Бен Годфри и Џејмс Ворд-Праус.

Интересно, во составот на англиската репрезентација нема ниту еден дебитант во националниот тим, а Саутгејт ќе ги тестира своите избраници против Австрија и Романија. Англија го започнува настапот на ЕП против Хрватска на 13. јуни, а потоа следуваат дуелите со Шкотска и Чешка.

Голмани: Хендерсон, Џонстон, Пикфорд
Одбрана: Стоунс, Шоу, Мегваер, Александер-Арнолд, Вокер, Мингс, Џејмс, Коади, Чилвел, Трипие
Среден ред: Маунт, Рајс, Хендерсон, Белингам, Филипс
Напад: Кејн, Рашфорд, Стерлинг, Калверт-Луин, Фоден, Грилиш, Санчо, Сака