Поранешниот легендарен холандски фудбалер, Марк ван Бомел е нов тренер на германскиот гигант, Волфсбург.
44 годишниот стратег потпиша двегодишен договор со „волците“ и на клупата ќе го наследи Оливер Гласнер кој го презеде кормилото на Ајнтрахт Франкфург.
Некогашниот играч на Барселона, Баерн Минхен и ПСВ досега во тренерската кариера го водеше само тимот на ПСВ во кој не оствари некои позначајни резултати, а како асистент работеше во репрезентациите на Австралија и Обединети Арапски Емирати.