сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Стевче Алушовски: Горд сум на играчите, ова е нивна титула

Стевче Алушовски: Горд сум на играчите, ова е нивна титула

Ракометниот стратег Стевче Алушовски со Вардар ја прослави и првенствената титула. Како тренер на „црвено-црните“, Алушовски успеа да ја освои својата прва шампионска титула со најтрофејниот македонски тим.

„Ова ми е прва титула како тренер и навистина ми е драго и чест што работев со оваа група момци. Горд сум на сите нив, ова е нивна титула. Од февруари до денеска одигравме 33 натпревари, беше напорно, со мал ростер и играчи кои требаше да ги извојуваат главните битки. Презадоволен сум, пресреќен и прегорд на момците, на сите што работат во клубот. За жал оваа сезона ја игравме без публика, можеби спектаклот ќе беше поголем, но што е тука е. На Вардар му посакувам уште многу двојни круни“, изјави Алушовски, кој по завршувањето на официјалната сезона.