сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Страшна сообраќајка во Србија – Четворица загинати и четворица тешко повредени

ФОТО: Страшна сообраќајка во Србија – Четворица загинати и четворица тешко повредени
телеграф.рс

Четири лица загинаа, а четири се тешко повредени во судир на патничко комбе и камион кој утринава околу 6:20 часот се случила во Србија.

До несреќата дошло кога најверојатно возачот на комбето, кое превезувало сезонски работници кои береле јагоди, излегувајќи од спореден пат не застанало на „стоп“ знакот. На него налетал камион кој се движел по магистралниот пат.

телеграф.рс

Тројца работници од комбето и возачот загинале на лице место, додека четворица со тешки повреди се пренесени во болница.

Меѓу жртвите е брачен пар, родителите на четири деца. Сопругот починал на лице место, а жената е тешко повредена.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, а сообраќајот се пренасочува по алтернативни правци.