сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Над 10.600 слободни места за прва година студии на УКИМ во 2021/2022

Над 10.600 слободни места за прва година студии на УКИМ во 2021/2022

На факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година додипломски студии во учебната 2021/2022 година се слободни вкупно 10 678 места.

Според Конкурсот што го објави УКИМ, во квотата редовни, кои се финансираат од буџетот на државата, има места за 5247 студенти и тие ќе плаќаат школарина од 200 евра.

За редовни кои ќе ги кофинансираат студиите има 4366 слободни места, а 1065 се слободни за вонредни студенти. Надоместот за студиите во овие две категории е 400 евра.

Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование е 31 август и 1 септември 2021, а на оние кои се рангираат според успехот од средно и според проверка на знаења и умеења е на  26 и 27 август 2021. Вториот рок за пријавување е 16 и 17 септември, а третиот на 28 септември 2021.

Конкурсот на УКИМ содржи информации за бодирањето од успехот во средно образование и од државната матура, критериумите за упис и за потребните документи за пријавување и запишување на кандидатите.

Најнови вести