четврток, 11. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Моторџиите на мета: Внимавајте, продолжуваат засилените контроли

Моторџиите на мета: Внимавајте, продолжуваат засилените контроли

Полициски службеници од ОВР Кавадарци денеска спроведоа акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават мотоциклистите.

Санкционирани се 50 прекршоци, а 12 мотоцикли се задржани во полициска станица согласно чл. 344 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.