петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Босанскиот репрезентативец  уште една година останува во Македонија

Босанскиот репрезентативец  уште една година останува во Македонија

Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер го продолжи за следната сезона договорот со босанскиот ракометен репрезентативец Елмир Граџан.

-Еурофарм Пелистер постигна согласност за продолжување на договорот со Елмир Граџан за уште една сезона и интернационалецот од Босна и Херцеговина ќе го носи дресот на нашиот клуб и во сезоната 2021/22, соопшти денеска битолската екипа.

-Влегувам во петтата година во Битола. Задоволен сум од градот, луѓето многу добро ме прифатија, како и во клубот. Очекувам следната сезона да бидеме поуспешни и да донесеме титули во Битола, изјави 27-годишниот Граџан за клупскиот сајт.

Претходно, Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за следната сезона со Марио Кизиќ, Немања Обрадовиќ, Јосип Божиќ Павлетиќ и Реиние Табоада, а клубот го напушти капитенот и голман Градимир Чаневски. (МИА)