недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

„Штетата е до два милионa евра“ – Вучиќ за страшниот пожар во Чачак

„Штетата е до два милионa евра“ – Вучиќ  за страшниот пожар во Чачак

Штетата предизвикана од пожарот во наменската индустрија „Слобода“ во Чачак е од еден до два милионa евра, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што рече, три хеликоптери сега одат кон Чачак.

-Очекувам дека сè ќе се врати во првобитната состојба во Чачак од понеделник – рече Вучиќ.

Ненадејната експлозија во фабриката „Слобода“ во Чачак, што се случи синоќа по полноќ, го потресе целиот град.

Огнот гореше, а експлозиите што следеа една по друга жителите ги асоцирале на војна.