понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

„По 4 години како градоначалник Шилегов се фали дека сменил пар даски на неколку клупи во градски парк“

„По 4 години како градоначалник Шилегов се фали дека сменил пар даски на неколку клупи во градски парк“

По 4 години како градоначалник Шилегов се фали дека сменил пар даски на неколку клупи во градски парк. Никаде го нема тунелот под Кале, продолжението на Булеварот Илинден и другите најавени проекти, обвинува советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Поправање на искршени клупи и патеки е обрвска на Шилегов, а не проект за сликање пред камери.

Јавните претпријата во состав на град Скопје имаат обврска да се грижат за клупите, кантите за отпадоци и останатите работи кои спаѓаат во доменот на нивна работа.

Замена на пар даски на неколку клупи во градски парк не е работа за која треба да се организира настан за сликање и давање изјави, тоа е редовна обврска на јавните претпријатија.

4 години со Шилегов неработата се претставува како врвно достигнување. 4 години власт на Шилегов и Заев, 4 години украден живот. Доста е“ – порачуваат тие!

 

Најнови вести