Младата пејачка и ријалити ѕвезда Луна Џогани ситно брои до породувањето.
Таа имено во секој момент треба на свет да ја донесе својата прва ќерка која ќе се вика Миа.
По тој повод таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија од прегледот со гол стомак пишувајќи дека „не може да дочека да ја види“.
Инаку името Миа на пејачката и е омилено и истото е од тинејџерската серија „Млади бунтовници“.
Луна и Марко Миљковиќ инаку се венчаа минатиот месец кога во тајност го кажаа своето судбоносно „ДА“.