понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чавушоглу ја повика ЕУ да продолжи со политиката на проширување

Чавушоглу ја повика ЕУ да продолжи со политиката на проширување

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска упати повик до ЕУ да продолжи со политиката на проширување, јави Анадолија.

– Проширувањето е најуспешната политика на ЕУ за ширење на нејзините основни вредности. Важно е ЕУ да продолжи со оваа политика и во иднина, посочи Чавушоглу по повод денешниот Ден на Европа.

Тој нагласи дека Турција е европска земја и географски и историски и придонесува за безбедноста, стабилноста и просперитетот на континентот.

– Нашата земја продолжува со своите напори да стане полноправна членка на ЕУ, рече Чавушоглу.

Тој оцени дека ЕУ отстапува од своите вредности и додаде дека дискриминацијата, ксенофобијата и исламофобијата предизвикуваат разочарување и загриженост.

Чавушоглу, исто така, ја повика ЕУ да се дистанцира од дискриминација и популизам.

– Турција како земја-кандидат се надева дека ЕУ ќе ги надмине предизвиците со кои се соочува. Во овој контекст, Турција е отворена за сите идеи и соработка, додаде тој.

Турција ги почна преговорите за членство во ЕУ во 2005 година, но тие се во застој во последните години.

(Миа)