сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Германија по трет пат до трофејот на ЕП за фудбалери до 21 година

Германија по трет пат до трофејот на ЕП за фудбалери до 21 година

Германската фудбалска репрезентација го освои Евро У21 по трет пат. Во решавачкиот натпревар на Европското првенство за млади, синоќа во Љубљана, Германија ја совлада Португалија со 1:0.

Повеќе трофеи од Германците во оваа категорија фудбалери, имаат само Италија и Шпанија. Тие по пет пати биле европски шампиони.

На ЕУРО 2017, исто така Германија стана победник, а во 2019 година загуби од Шпанија.