ВМРО-ДПМНЕ од утре во знак на предупредувачки протест започнува со блокади.
Како што дознава КУРИР, блокадите во Скопје ќе бидат на неколку раскрсници. Освен во главниот град, ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со блокади во 10 други македонски градови.
Утре од 15 до 17 часот ќе бидат блокирани три раскрсници во Скопје – кај Нова Македонија, Собрание и на Бит пазар.
Во истото време ќе има блокади и во други 10 градови низ Македонија.