Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање на казнен налог против 3 лица за кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите го нарушиле полицискиот час, односно се движеле без соодветна дозвола низ градот за време на траењето на забраната за движење, донесена заради превенирање на болеста Covid-19.
Обвинителството на Судот му предложи за обвинетите да изрече парични казни и тоа по 40 дневни глоби, секоја од нив во износ од по 20 евра во денарска противвредност.