вторник, 26. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајден кокаин, приведен дилер од Битола

Пронајден кокаин, приведен дилер од Битола
илустрација

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, денеска го лишиле од слобода Д.Д.(35) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кокаин, дигитална вага, поголема количина пари (денари и евра), две патнички возила, три патрони за пушка и делови од пиштол.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.