петок, 12. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредено момче од Пробиштип во рудник

Тешко повредено момче од Пробиштип во рудник

Вчера во 05.00 часот во Полициската станица Пробиштип, од ЈЗУ „Нада Михајлова“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Д.(27) од Пробиштип.

По преземени мерки било утврдено дека М.Д. се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во с. Добрево.

Увид извршила екипа на Полициската станица Пробиштип и за настанот бил известен Државниот трудов инспекторат.