сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Корисни информации за сите кои ќе патуваат на ЕУРО 2020 за натпреварите на Македонија

Корисни информации за сите кои ќе патуваат на ЕУРО 2020 за натпреварите на Македонија

Македонските навивачи кои имаат обезбедено билети за натпреварите што „црвено – жолтите“ ќе ги играат во Букурешт и Амстердам во рамки на Европското првенство во фудбал 2021 од денеска на официјалната веб-страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) можат да се запознаат со сите потребни информации во врска со патувањето и пристапот до стадионите.

Преку официјалната веб-страна, ФФМ сподели корисни информации за навивачите како да го испланираат патувањето, сместувањето и пристапот до стадионите во Букурешт и Амстердам, потребните услови за влез во Холандија, како и навивачкиот кодекс и правилата за однесување на стадионите на ЕУРО2020.

Македонските навивачи преку веб-страната можат да ги активираат и мобилните апликации поврзани со билетите за натпреварите и да се запознаат со официјалниот „водич“ што УЕФА го подготви за сите 11 градови домаќини на ЕУРО2020.

Македонската фудбалска репрезентација утре претпладне заминува за Букурешт, каде на 13 јуни игра против Австрија, а на 17 јуни против Украина. Завршниот трет натпревар во рамки на групата Ц, „црвено – жолтите“ ќе го играат против Холандија, на 21 јуни на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам.