вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Милик нема да настапи на ЕП

Милик нема да настапи на ЕП

Полската фудбалска репрезентација и дефинитивно нема да смета на Аркадиуш Милик на претстојното Европско првенство, потврдија од фудбалската федерација на оваа земја.

Напаѓачот влечеше повреда уште пред да им се приклучи на соиграчите од полската репрезентација во тренинг кампот за ЕП, а сега е потврдено дека не постојат шанси тој да се рехабилитира навреме за престижниот турнир.

– Лекарскиот тим на полската репрезентација уште од почетокот на подготовките знаеше дека повредата на Милик не е сериозна, но затоа предизвикува болка кај фудбалерот и може да не биде залечена пред ЕП. Изминатите две недели Милик доби многу третмани кои му овозможија да одработува тренинзи, а денешниот попладневен тренинг беше последен тест по кој паднала одлуката. Болката која ја чувствувал фудбалерот била показател дека тој нема да биде во можност да тренира и игра натпревари како што е предвидено, – се вели федерацијата во своето соопштение.