петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Полицијата казни 198 возачи во Скопје

Полицијата казни 198 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила.

Изречени се 12 санкции за користење мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, три за некористење сигурносен појас, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), 63 санкции за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.