Јелена Ѓоковиќ денес е успешна деловна жена, на која многумина и завидуваат на успехот и животот во изобилство. Меѓутоа, таа не крие дека нејзините почетоци не биле лесни.
Сопругата на Новак Ѓоковиќ и директорката на Фондацијата Новак Ѓоковиќ уште како тинејџерка сакала да студира во странство, а како би си ја исполнила таа желба почнала да работи и да се снаоѓа сама.
-Јас последните 14 години не живеам во Србија и не живеам по системот во кој живеат нашите млади луѓе. Мојата прва работа беше на 16 години во парфимерија. Потоа работев во обложувалница, како шанкерка, правев кафиња, сокови и таа работа ја работела за да заработи за карта до Италија и да замине на студии, раскажа Јелена во гостувањето кај Јована Јоксимовиќ и Срџан Предојевиќ во Утринската програма на ТВ Прва.
Таа се осврна и на работата на фондацијата која го носи името на нејзиниот сопруг, а водителите ја прашаа на кој начин фондацијата се финансира.
-Постојат многу луѓе кои се јавуваат и нудат помош, како материјална така и физичка и многу им благодарам на тоа. Но најголеми донатори сме јас и Новак. Ние не сакаме тоа да го истакнуваме, затоа што се смета за лична промоција, но сфативме дека доколку говорите за тоа поттикнувате и други луѓе да донираат.
Она што е малку непријатно прашање, но ве прашуваме вас затоа ова е потполно друг модел по кој функционира фондацијата, вие сте тие кои најмногу донираат. За која цифра станува збор?, запраша Јована Јоксимовиќ.
-Ние вложуваме околу 2 милиони евра на годишно, искрено одговори Јелена.