среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонскиот голман се огласи пред првиот натпревар на ЕП

Македонскиот голман се огласи пред првиот натпревар на ЕП

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Дамјан Шишковски очекува тежок натпревар в недела против Австрија во 1. коло од Ц-групата на Европското првенство.

– Австрија е силна репрезентација со корпулентни фудбалери. Негуваат германски фудбал. Најголем дел од нив играат во германскиот шампионат. Ќе бидат опасни на прекини. Затоа мора да сме подготвени на силни дуели. За да немаме проблеми ќе треба да освоиме голем дел од дуелите. Ние одработивме добри подготовки. Атмосферата во тимот е одлична. Сите што ќе излезат на теренот в недела ќе дадат максимум, последен атом од нашите сили за добар резултат, а за мене добар резултат е победа, истакна Шишковски.

Според него, од поразите од Австрија во минатото, треба да се научени грешките.

– Овој меч ќе биде различен од квалификациските средби. Почнуваме од нула. Ќе излеземе на теренот мотивирани да покажеме дека сме подобри од нив. Се надевам дека ќе го имаме најсреќниот ден на репрезентацијата, истакна Шишковски.

Натпреварот в недела (13 јуни) ќе се игра на „Национална арена Букурешт“ со почеток во 18 часот.  (МИА)