Во второто женско полуфинале на Ролан Гарос кое го одиграа Барбара Крејчикова од Чешка и Марија Сакари од Грција, подобра беше Крејчикова.
Чешката тенисерка победи со 7:5, 4:6, 9:7 по 3 часа и 20 минути игра и ќе игра во финалето против Анастасија Пављученкова.
Сакари која има 25 години, исто како и Крејчикова беше на прагот на најголемиот успех во кариерата, но прокоцка предност од 5:3 во решавачкиот сет и потоа загуби. Имаше три меч топки и не искористи ниту една.