Европското првенство во фудбал конечно го дочека својот почеток по една година одложување поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Како што е обичај во последно време, пред почетокот на премиерниот натпревар помеѓу Италија и Турција се случи и церемонијата со која и официјално беше отворено Европското првенство.
На церемонијата, за прв пат во историјата се развеа и македонското знаме, кое беше централно позиционирано и можеше да се види во многу наврати во текот на преносот.
Церемонијата беше отворена од легендите на италијанскиот фудбал, Франческо Тоти и АЛесандро Неста, а потоа во ревијалниот дел настапија и Андреа Бочели, како и Боно Вокс и Мартин Гарикс кои ја изведоа официјалната химна на Европсото првенство.